Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во ноќните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, особено во крајните северни планински делови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 25 до 32 степени.

Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температура 16/29 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени. В сабота кон крајот на денот и в недела ќе има зголемување на облачноста, која ќе биде проследена со локален пороен дожд и грмежи.

Translate »