Ердоган уапси 500.000 луѓе поради наводни врски со Ѓулен

Околу 500.000 луѓе се притворени во Турција поради врски со прогонетиот свештеник Федулах Ѓулен, а 30.000 луѓе веќе се во затвор, објави  министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу , цитиран од локалните медиуми. Преглед на изображението в Twitter

Преглед на изображението в Twitter

FRANCE 24 English

✔

@France24_en

Turkey detains hundreds over alleged links to cleric Gulen https://f24.my/4PpO.t 

Податоците се од извештајот за обид за државен удар против турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во 2016 година. Операциите против осомничените сé уште се во тек. 

Сојлу дал изјава  по обвинение од Кемал Калдароглу, лидер на опозициската Републиканска народна партија, дека многу од приведените и затворени се невини луѓе кои немаат врска со Ѓулен.

Според Сојлу , Калидарроглу нема идеја за што се бори ФЕТО  и зошто ги апсат..

Потсетуваме  дека 250 луѓе беа убиени во неуспешниот бунт, а илјадници беа повредени. Ѓулен, поранешен сојузник на Ердоган, го негираше учеството во обидот за државен удар. Властите објавија  дека отпуштиле 150.000 државни службеници и војници.

Критичарите на Ердоган го обвинуваат за користење на неуспешниот бунт како изговор за одмазда против несистомисленици и опозиционери. Турските власти пак тврдат дека тоа се потребните мерки за борба против заканите по националната безбедност.

Translate »