,,Парк хотел и спа,, доби светска награда за услужна дејност
Интервју со Душан Марковиќ – корпоративен маркетинг менаџер на ,,Гемак,,
По повеќе години на успешна работа во маркетинг агенција, па во маркетинг оддел на наш мобилен оператор, се решивте вашата професионална кариера да ја продолжите во ,,Гемак,,. Кој беше мотивот, и колку тоа за вас е предизвик?
Мислам дека во природата на нештата кај секој човек е постојано да се самопронаоѓа, истражува, учи и надградува. Не верувам дека јас имав поразличен мотив од ова, но секако верувам дека во еден даден момент треба да се погодат многу фактори за да се донесе одлука за промена на работното место кое си го имал, си го сакал и верувал дека е вистинското. Јас ја имав таа среќа и сум благодарен што по трет пат го правам ова во мојата кариера и секој ден искуство во овие компании ми значи многу. По десет години во телеком индустријата колку и да е таа технолошки напредна и инспиративна почувствував потреба за промена во друга индустрија, а ,,Гемак,,беше во потрага на менаџери кои ќе се справат со новите предизвици и инвестиции коишто отворија едно ново поглавје во компанијата која минатата година прослави 25 години од своето постоење. Самиот факт што Гемак е најголемата македонска компанија за увоз и дистрибуција на пијалаци и цигари, партнер на Компанијата,, Diageo,, која во своето портфолио ги има најпознатите светски брендови , е пред се чест и повеќе од доволен предизвик за мене да ја продолжам својата кариера тука. Како корпоративен менаџер на маркетинг одделот на,, Гемак,, само еден месец од моето доаѓање новото поглавје на компанијата се совпадна со отворањето на супер модерниот 5 звезди ,,Парк Хотел и Спа,,, а да се биде дел и од оваа приказна, за која по година дена можам да кажам е повеќе од успешна, е нешто на што сум посебно горд. Потврда за успешната приказна и доброто работење на целиот тим на ,,Парк Хотел и Спа,, ќе биде и доделувањето на регионалната награда во хоспиталити индустријата ,,Brand Leader Award,,во Белград на 04.10.
За време на ,,Уефа Супер Купот,, целиот хотел беше распродаден, а ресторанот ,,FOUR,, кој е во рамките на хотелот максимално полн. Како се справивте со таа несекојдневна гужва?
Договорот со ,,Уефа,, беше склучен неколку месеци пред настанот така да имавме повеќе од доволно време да се подготвиме и одговориме на сите барања кои беа единствени и верувам неповторливи во блиска иднина. Договорот покрај ноќевања во Хотелот вклучуваше и организација и кетеринг за ВИП гости на настани на две различни локации на стадионот ,,Филип Втори,, во исто време на денот на супер купот поточно пред, за време и по натреварот. Да се организира настан на ,,Уефа,, за 1300 ултра ВИП гости, за фудбалскиот крем од целиот свет, е незаменливо искуство, а ако се има во предвид како беше јавно оценета органзацијата на овој настан од нивна страна е уште една голема сатисфакција за сите нас кои учествувавме во тој проект. Сега со сигурност можам да кажам нема ништо невозможно за тимот на Парк Хотел и Спа.
Што би им препорачале на клиентите, зошто треба да дојдат во Парк Хотел и Спа? По што се разликува од останатите хотели и спа центри во регионот.
Парк Хотел и Спа е уникатен по многу нешта, но би ги издвоил пред се комфорот во единствениот амбиент на модерно дизајнираниот објект во целост, почувајќи од собите, ресторанот Four па се до фитнес центарот и високо професионалната услуга на секој вработен која ја надминува стандардната хоспиталити практика. Многубројните outlet-и во склоп на Хотелот (ресторанот Four, Fitness park и Spa Park) но и во негова непосредна близина (Twins kitchen & wine, Brick Bar, игротеката Fun House, Little Box wine shop, кафе Река) нудат содржина за различен тип на гости и ќе го исполнат времето со искуство кое ќе го паметат и ќе ги натера гостите повторно да дојдат тука. Едноставно, задоволете ги сетилата во Парк Хотел и Спа (Pleasure your senses in Park Hotel & Spa)
Да се вратиме на Гемак, во услови на силна конкуренција на пазарот и многубројните законски ограничувања на продажбата на алкохолот каква е улогата на маркетингот?
Секој пазар има свои специфики со кои се разликува од останатите, па така и во Македонија мора да се адаптираме на условите кои ги наведовте. Насоките од принципалите на интернационалните брендови кои ги застапуваме во Македонија се во согласност со модерните светски трендови па секоја имплементација на тие активности кај нас претставува иновација и освежување кое не останува незабележано меѓу консументите. Но убавината на работата и вистинскиот предизвик го наоѓам при креирањето на наши креативни и оригинални проекти со кои настапуваме на пазарот, почнувајќи од начинот на кои што се претставуваме на пазарот, оригнални брендинг решенија до партнерски соработки кои ги негуваме, а кои ја движат целата индустрија напред.
(Фото: Smirnoff concert branding)
Како изгледа еден ваш работен ден?
Секој работен ден е различен и тоа ја одсликува динамиката на работењето во ,,Гемак,,. Без разлика на тоа дали сум во канцелариите на,, Гемак,, или ,,Парк Хотел и Спа,, денот започува со координација на двата маркетинг тима кои ги водам, а потоа вообичаено следат состаноци со менаџерите од другите оддели и се разбира партнерите и клиентите на корпорацијата. Работата е таква да бара голема флексибилност и префрлање од проект на проект, работниот ден често не завршува во 17 часот туку со некој настан, концерт или промоција во вечерните часови. Секако без поддршка од целиот маркетинг тим кој е исклучително професионален и добро уигран, како и на маркетинг агенциите со кои соработуваме, не би можел да функционирам. Токму затоа се обидувам најмногу од своето работно време посветам на тимот и останатите колеги затоа што верувам дека заедно постигнуваме повеќе.
Фото: од Скопје Маратон