Повторно земјотреси во Македонија
Утрово во 8.05 часот земјотрес од 2,7 степени според Рихтеровата скала ги вознемири жителите на Делчево.
Епицентарот на земјотрес бил на 13 километри од Делчево и на 98 килиметри од Софија, Бугарија, а бил на длабочина од 12 километри.
Утрово беше почувствуван потрес со јачина од 3,1 степени по Рихтер и во охридскиот регион.
Потресот бил на длабочина од 2 километри, со епицентар на 9 км од Охрид, а почувствуван и во Ресен.
Потресот се случил во 9,54 часот.