Владо Јаневски за врската со манекенката Дунавка Трифуновска: “Не сум со неа, не знам што зборува”

Пејачот Владо Јаневски кој веќе долго време е на македонската сцена, во интервју за ТВ емисијата “Бекстејџ” откри детали од приватниот живот, но и за првпат проговори за врската со манекенката Дунавка Трифуновска.

Минатата година, Дунавка во интервју за “Репортер” откри дека Владо е совршен љубовник и дека тие одлично функционираат како љубовници, но и соработници. 

На прашањето што се случува помеѓу нив двајца, Јаневски открил дека се познаваат, но не ја видел со месеци:

“Се познаваме, снимавме спот заедно. Ништо не се случува, не сум ја видел со месеци… од лани ја немам видено, нит знам што прави. Се најубаво ѝ посакувам. Јас не знам што прави она моментално”.

На прашањето дали знае дека Дунавка е заљубена во него и дека јавно зборува дека се во врска, но и дека Владо ѝ посветува песни, пејачот вели дека тој не знае што зборува таа.

“Со новиот спот кајшто ќе биде Вера Мештеровиќ, ќе ја заборават Дунавка. Така што спремајте се од сега за нови трачеви со Вера”, додаде Владо.

Translate »