Јанкулоска го осуди бегството на Груевски: Ни на крај памет ми е да бегам!

И Гордана Јнакулоска, поранешна министерка за внатрешни работи вчера го осуди бегството на пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски, кој избега во Унгарија и побара политички азил избгенувајќи ја казната од две години затво за случајот „Тенк“.

– Се наоѓам во Македонија и на крај памет не ми паднало да заминам било каде – рече Јанкулоска за ТВ21 и додаде дека ќе продолжи да присуствува на судските рочишта.

Јанкулоска е осудена на 6 години затвор за „Тенк“ за набавката на мерцедесот од 600.000 евра за МВР по нарачка на Груевски.

После огласувањето на Никола Груевски на Фејсбук, Твитер заедницата “експлодираше”!

Translate »