После огласувањето на Никола Груевски на Фејсбук, Твитер заедницата “експлодираше”!
Откако поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски се огласи на својот Фејсбук профил дека моментално се наоѓа во Унгарија, социјалните мрежи експлодираа.
Имено, откако МВР издаде негова потерница и кога синоќа полицајците “Алфи” тропнаа на неговата врата, каде никој не им отворил, Груевски конечно се огласи.
Со изјава дека во изминатите неколку денови добивал многубројни закани по неговиот живот, тој заминал во Будимпешта каде побарал политички азил од Унгарските власти.
После неговиот статус се појавија многубројни реакции во коментари на Фејсбук како и Твитер заедницата која секако не го поштеди од исмевање и “плукање”.
Сепак, и покрај неговата изјава од МНР и МВР велат дека ќе се истражува дали оваа порака е вистинита, а истото го истакна и премиерот Зоран Заев.