(ФОТО) хотелот каде Груевски ја поминал првата ноќ откако пребегал во Будимпешта?

Хотелот „Коринтија“ е меѓу најбараните во Будимпшта. Ако проверите на букинг.ком веднаш ќе ве информираат дека во токму овој хотел кој уште од првата фотографија изгледа како замок од соништата во последните 24 часа се направени 51 резервација.

 

Ако сега го посетите сајтот на букинг тој ќе ви понуди Делукс двокреветна соба со брачен кревет за двајца која ќе ве чини 13 538 денари за ноќевање. За плус 1 911 денари ќе добиете пак одличен појадок.

 

Распослан на 1,1 километар од центарот на градот хотелот со 5 ѕвезди е сместен на Големиот булевар, а во понудата има спа центар, 3 ресторани, елегантен кафе бар и бесплатен интернет во сите соби.

 

Позитивни критики и пофалби од оние кои го посетиле а во рестораните на овој хотел се подготвуваат гурмански јадења од унгарска, азиска и интернационална кујна, додека во кафе баровите се служи избор на домашни колачи. Барот во лобијата нуи жива клавирска музика во текот на целиот ден.

 

Зошто пишуваме за овој Хотел …

Токму таму е можно Никола Груевски да ја поминал првата вечер откако пребегал од Македонија. И официјално е потврдено дека тој е во земјата на неговиот пријател Виктор Орбан каде што бара политички азил.

 

Екипа на ТВ1  јави дека првата вечер преспал токму во хотелот „Коринтија“.

Translate »