Кога магнолиите цветаат, пролетта навистина започнува! Каде да ги набавите?
Магнолиите се едни од највпечатливите декоративни растенија кои внесуваат елеганција и природна убавина во секој двор или тераса . Нивните големи, миризливи цветови во нијанси од бела, розова и виолетова боја се симбол на пролетта и новиот почеток. Освен што се визуелно привлечни, магнолиите создаваат пријатна атмосфера и чувство на смиреност, што ги прави идеален избор за дворови, паркови и урбани зелени површини.
“Магнолиите не само што го разубавуваат просторот, туку и придонесуваат за подобрување на квалитетот на воздухот и биодиверзитетот. Благодарение на нивната раскошна крошна, магнолиите нудат сенка и свежина, што е особено значајно во потоплите месеци. Со правилна грижа и избор на соодветно место за садење, тие можат да траат со децении и да бидат вистински украс на секој двор”, велат од Градинарскиот центар ФОЈА.
Одлично поднесуваат локални климатски услови
Сакаат сончево или полусенковито место
Не бараат многу одржување
Цветаат спектакуларно секоја пролет
Токму овие денови во Градинарски центар Фоја, Mагнолиите се на попуст, кој трае до 4 април, па можеби токму овој викенд е одлична можност да го разубавите вашиот дом или градина со овие прекрасни растенија.


