Министерот за здравство призна дека не ја вакцинирал внуката со МПР вакцина
Министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека вакцинирањето на неговата внука било со цел да ги увери граѓаните дека вакцините се безбедни, но и дека таа е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП.
Во интервјуто министерот вели дека чинот бил наменет за едукација на јавноста.
Вие на Фејсбук објавивте дека ја вакциниравте вашата внука Илина, но потоа имаше реакции на Фејсбук дека тоа не е вакцина против морбили. Дали има грешки кај вашата ПР служба во кампањата за докажување на безбедноста на вакцините?
Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика. И во таа насока беше вакцинирањето на мојата мала внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи.
Слободна Европа