Анкара со честитки: Нема веќе пречки за Македонија


Во официјалното соопштение на турското Министерство за надворешни работи се поздравува ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент.

Во соопштението потпишано од портпаролот на турското МНР, се вели:

“Турција ја призна Република Македонија под уставното име , од нејзината независност. Спорот за името 27 години беше пречка, особено за членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Го поздравуваме усвојувањето на Договорот од Преспа, со кој се обезбедува решението за спорот, во Парламентот на Грција како и во Парламентот на Македонија, што подразбира дека оваа пречка за членството на Македонија во НАТО и ЕУ е отстранета.”

Во соопштението никаде не се споменува новото име на земјата, туку само Македонија.

Translate »