КАКО ИМ ОДГОВОРИ КОНЕСКИ НА БУГАРИТЕ ВО ’48

Но нека знаат едно таквите луѓе. Тие можат колку сакаат да го презираат македонскиот литературен јазик, тврдејќи дека неговата појава значи регрес, македонскиот литературен јазик нема од тоа да биде помалку жива историска стварност, без оглед дали и како на некои им ујдисувало, вели во 1948 основоположникот на современиот македонски јазик и највозвишена личност во современата македонска литература, Блаже Конески, во одговор на тогашниот груб напад врз македонскиот јазик и нација од страна на Бугарите.

Одговорот на Конески од 1948 во книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“, од која објавуваме извадоци, на тогашна статија на секретарот на Бугарската комунистичка партија Г. Чанков, всушност е одговор и на сегашниот Меморандум на бугарската влада – кој ги содржи истите бајати тези, навредливи фрази и лажна суштина како и пред 70 години.

Како што и самиот Конески истакнува, Потребно беше да се запознаеме со гледиштата на хегемонистите за нашиот литературен јазик, поради тоа што истите тие гледишта се воскрснуваат денеска одстрана на комунистите во Бугарија (а денес, пак, од бугарската влада), и се одразени и во статијата од „Работническо дело“ (а денес во нејзиниот Меморандум), на која ние поспецијално ќе се запреме.

Но пред да пристапиме кон таа статија, добро ќе бидеда се потсетиме што пишуваше Георги Чанков пред една година, во една друга своја статија, сосем различна по духи по слово од сегашнава, излезена во „Работническо дело“од 9 Х 1947 година, под наслов „Националниот празник намакедонскиот народ“.

Ќе направиме од неа само некои извадки, за да може читателот да ги споредува мислите што се изнесени таму, со тоа што Чанков денеска го зборува.

„Македонскиот народ – велеше тој – по цената на скапи жртви го извоева своето законско право да биде почитан како слободен и рамноправен народ. Тој им покажа на сите непријатели  великобугарски, великосрпски игрчки шовинисти, кои што му го одречуваат правото на самостојност, – дека е животоспособен народ, вреден да го уреди својот сопствен дом, како што диктираат неговите интереси. Тој ја создаде својата македонска држава во рамките на Федеративна Југославија и со невиден херојски труд ја создава својата материјална и духовна култура“.

Што се однесува до македонскиот народ во Пиринска Македонија, спрема него треба да се развива таква правилна политика, во духот наОФ, што да им се дадат на Македонците таму сите права „да се воспитуваат како дел од македонскиот народ, кој што веќе има своја сопствена држава, да ја изучуваат својата сопствена историја, да се учат, пишуваат и зборуваат на својот роден македонски јазик, даимаат своја книжнина и да ја развиваат својата национална култура“ (Подвлекол Б. К.).

Такви погледи изразуваше Георги Чанков во таа своја статија. Тој употребува во неа и еден сликовит израз дека не треба „часовникот да го навиваме спрема великобугаризмот ами спрема политиката на Отечествениот фронт“. Денеска по сешто излегува дека часовникот на Чанков се прекурдисува на годината. Зошто (навистина интересно поклопување!) точно по една година, на истиот ден, 9 октомври, тој се појави со втората своја статија за „предавниците на социјализмот и на македонското дело“ откаде се гледа дека овојпат сосем поинаку го курдисал својот часовник, имено спрема точното време на великобугаризмот.

Втората статија е полна со внатрешни противречности,какви што секогаш се јавуваат кога човек нејќе отворенода каже што мисли, ами поради некакви причини го заметкува своето вистинско мислење. Во неа се карактеризиракако измислица на скопските и белградските тесноградинационалисти“ тврдењето дека ЦК БРП (к) не ја признавамакедонската нација и го отфрла „македонскиот јазик воопшто“. Од тоа би излегувало дека е точно обратното, и вооднос на македонскиот јазик дека е точно, ЦК БРП (к) даго признава како самостоен јазик, што се зборува, сосемприродно, од самостоен народ.

Но тоа е само една изјава што се демантира веднашод самиот автор. Бранејќи го решението на ХVI пленум на ЦК БРП (к), македонскиот литературен јазик да се предава во Пиринска Македонија само како факултативен предмет,Чанков вели дека со тоа му се дава препорака „на населeнието од Пиринскиот крај, засега да се учи и воспитува во духот на социјализмот на неговиот говорен јазик, што му е разбран, т.е. на бугарски јазик …“ (Подвлекол Б. К.). По таков начин тој констатира дека јазикот на Македонците од Пиринска Македонија е бугарски. Ова тврдење на Чанков, кое што не е само негово тврдење, токму за 180° епротивположно на тоа што самиот тој го кажуваше за јазикот на Пиринците само пред една година, говорејќи како тие треба „да се учат, пишуваат и зборуваат на својот роден македонски јазик“. Многу јасно дека никаква логикане може да ги сврзе овие две искажувања на еден исти човек. Би се добила навистина интересна конклузија дека родниот македонски јазик на „пиринското население“ е заправобугарскиот јазик. Многу јасно е дека во едниот од овие дваслучаја Чанков не зборува вистина.

Но можеби тој барем на македонскиот народ во нашата Народна Република му признава дека има самостоенјазик? Можеби тој отстапил од она што порано го изјавувал само во однос на пиринското население“, сакајќида ги правда решенијата на ХVI пленум за политиката на БРП (к) спрема Пиринскиот крај? Работата далеку неетаква. Напротив, во статијата од „Работническо дело“, во овој поради нешто удобен момент, се поставува под прашање и јазикот на целиот наш народ. Тоа е недвосмислено искажано во следната реченица: „Околноста што повеќетоМакедонци зборуваат на бугарски јазик не им ја одзема во ништо македонската национална свест“. Што останува да научиме од ова? Прво, дека повеќето Македонци зборуваат бугарски јазик. Второ, дека помалцето Македонци, оние што ќе преостанат, зборуваат евентуално македонскијазик. И од сето тоа треба да бидеме толку паметни да заклучиме дека не се отфрлал „македонскиот јазик воопшто“,дека така можат да ја разберат работата само „тесноградите националисти од Скопје и од Белград“, додека еве, широкоградите интернационалисти од Софија, им го признаваат правото на помалцето Македонци на самостоен јазик. Пред една година, навистина, тие беа многу поширокогради вотој однос спрема народот – што „по цената на скапи жртви го извоева своето законско право да биде почитан како слободен и рамноправен народ“. Денеска не е веќе така, зауште една потврда на латинската пословица: „Темпора мутантур!“

Дали ќе биде многу-многу тешко за секој човек што може макар трошка да мисли, да ја увиди поврзаноста на ова ново становиште за македонскиот јазик, со барањата што XVI пленум на ЦК БРП (к) ги истакна во однос на некакво „бугарско малцинство“ во Македонија, на кое требало да му се дадат права да се учи на својот мајчин, т. е.бугарски јазик. Дали ќе биде, потем, тешко да се домислиме дека, според „Работническо дело“, тука не би требалода се зборува за некакво „бугарско малцинство“, ами заправо за „бугарско мнозинство“ во Македонија, штом повеќето Македонци зборувале, како што сакаат да кажат, набугарски јазик. И така, логички излегува од сето: дека воМакедонија живее не бугарско, ами македонско малцинство.И така, на македонскиот народ што „по цената на скапижртви го извоева своето законско право да биде почитан како слободен и рамноправен народ“ треба да му се кажедека тој заправо не е никаков слободен и рамноправен народ, ами е и во својата сопствена земја – малцинство.

И ако човек по сето ова заклучува оти тука немаме ништодруго освен одење по патот на великобугарската кауза,тогаш тој ќе биде „тесноград националист“, за разлика одширокоградите интернационалисти во Софија што ги прават сите споменати рабоќе.

Великобугарската теза е јасна: нема македонска нација, нема македонски јазик,сето тоа е измислица. Тезата штоја застапува „Работническо дело“ се сведува во својата сушност на истото. Разликата е само во тоа што великобугарите ја изнесуваат својата теза јасно и недвосмислено,додека Работническо дело“ ги копира срамежливо, гледајќи да се прикрие работата со општи декларации за тоа како никој од БРП (к) не ја негира македонската нација, ниту „македонскиот јазик воопшто“. Македонскиот народ сооружје ги избрка великобугарите од својата земја, тој достојно одговараше на нивните напади со тоа што со невиден херојски труд ја создава својата материјална и духовна култура“ (Работническо дело“ 9 Х 1947). Денеска, меѓутоа, тој доживува да севоскреснуваат великобугарските теории, прикриени подплаштот на „вистински марксистичкото решавање на националното прашање“, од никого друг, ами од самите бугарски комунисти. Тие сакаат да го ревидираат и повторнода го решаваат тоа што веќе историјата го решила неповратно и што треба само да се разбере, ако се сака да не сеправат поразии во политиката.

Во овој момент, како што се гледа и од статијата наЧанков, тие особено го земаат на нишан македонскиот литературен јазик. Ним поради нешто им ги боде очите самото постоење на тој јазик, како основно средство за изградбата намакедонската народна култура. „Околноста што повеќето Македонци говорат на бугарски јазик не им ја одзема во ништо македонската национална свест“ – отсечувабеспоговорно Чанков. И како за утеха на Македонците додава, од височината на добар познавач на марксистичката теорија за нацијата, дека: „Не е јазикот сам по себе единствена и најглавна ознака на нацијата“. Кој што има уво да слуша благи совети, лесно ќе се досети што сака да имкаже пишувачот на Македонците меѓу редови. Тој сака да каже: зошто ви е некаков ваш самостоен јазик, кога и безнего можете да бидете нација, а нам, разберете, тој ваш јазик ни ги пара ушите; бидејќи ние сме вистински марксистиинтернационалисти, ние не може да немаме право, а вам другоне ви останува освен да нѐ послушатепишува Конески и потенцира дека:

Не само што во Пиринска Македонија се оспорува употребата на македонскиот јазик, ами и воопштосе поставува под голем прашалник правото на тој јазик да постои и да се развива во фамилијата на современите славјански литературни јазици. Жално е ама факт е: место да гиупотребиме нашите сили за некаква друга, покорисна работа,ние сме денеска принудени да се ангажираме во одбрана наосновните постиженија на нашиот народ низ неговата борба,од оние, од каде што најмалку се надевавме на напад.

Но нека знаат едно таквите луѓе, вели Конески. Тие можат колку сакаат да го презираат македонскиот литературен јазик, тврдејќи дека неговата појава значи регрес, македонскиотлитературен јазик нема од тоа да биде помалку жива историска стварност, без оглед дали и како на некои им ујдисувало. И уште нешто: тоа е јазик што во овој момент на својот развиток далеку не е така заостанат како што си претставуваат тие. Тоа е јазик на една млада, полетна литература, што со секој ден сѐ поплодотворно се разгрнува. Тоа ејазик на кој што денеска прекрасно можат да се присвојат исе присвојуваат за македонскиот народ сокровиштата на човечката миславели Конески и порачува:

На тие штоод високо би сакале да погледаат на нашиот литературенјазик, можеме да им речеме само: вашаработа!

Но колкуслатко е да се кажува вистината на тој „неразвиен јазик, а колку мизерно звучи лагата…, па макар била искажана на најсовршениот јазик восветот, или макар на јазик толку совршен колку што е бугарскиот.

Како им одговори Конески на Бугарите во ’48:

izvor mkd.mk

Translate »