Заев: Железни опинци ќе облечам ама просечна плата од 500 евра ќе има
Премиерот Зоран Заев на отворањето на владината кампања „Силна економија, шанса за сите“ во Велес изјави дека е сигурен дека во рамките на неговиот мандат како шеф на Владата ќе го исполни ветувањето од 500 евра просечна плата во Македонија.
– Желени опинци ќе облечам ама просечна плата од 500 евра мора да има. Ќе се фатиме за работа, ќе засукаме ракави и, како што вели канцеларката Ангела Меркел, ќе почнеме со „арбајтен“. Оваа година ќе има уште едно зголемување на минималната плата, а очекувам и побр развој со членството на Македонија во НАТО – рече Заев на трибината.
Тој аедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот а економија Крешник Бектеши вчера се вратија од најголемиот светски политичко-економски собир во Давос. Премиерот вели дека абележал огромна разлика во односот кон Македонија за ралика од ани, кога Заев исто така беше присутен таму и за прв пат се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
„Нема кој не слушна за Македонија во Давос и за договорот со Грција, сите таму знаат дека влегуваме во НАТО и дека сме подготвени за развој на економијата, кажа Заев.