Ковачев очекува Заев да го врати изучувањето на бугарскиот јазик во училиштата кај нас?
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев имаше забелешка за најавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека учениците во земјава ќе можат да изберат дали да го учат српскиот јазик, објави БГНЕС.
-Дали таква би била и честитката на премиерот Заев до Бугарите во Македонија по повод бугарскиот празник? – прашува тој.
Откако Заев најави дека ќе се врати српскиот јазик во училиштата како изборен предмет, имаше реакции во Бугарија.
На европратеникот Ангел Џамбаски не му се допаѓа тоа што македонските политичари на Србите им го честитаа празникот Свети Сава.