Велевска брутално искрена: „Ме исфрлија на улица, но не ми е проблем да почнам од нула“
2021 за Елена Велевска беше година во која сето она што го градела со години – веќе не постои. Се разведе, а повеќе од две и пол години таа се бори децата да си ги врати дома. Таа борба трае до ден денес, а Елена неколкупати изјави дека нема да се откаже од истото.
И покрај бродоломот што ѝ се случува на приватен план, Елена насмевката од своето лице не ја трга, а наскоро планира да ги изненади фановите со многу новитети. Промоцијата за новиот дует со нејзината ќеркичка е наскоро, а после неа следуваат низа настапи и ангaжамни, како во земјава, така и надвор од неа.
Во ексклузивна исповед за магазинот зад сцената, Велевска брутално искрена како никогаш досега, одговори на она за кое долго молчеше и со ова интервју става крај на оваа тема.