Седумгодишно дете удрено од возило на МВР

Утринава  на улицата „11-ти Октомври“ во Куманово, над градската џамија, се случила сообраќајна нсреќа во која учествувале патничко возило „Фиат Линеа“, сопственост на МВР на РМ, управувано од П.С. (44), вработен во министерството за внатрешни работи  и седумгодишно момче, информираа денеска од СВР Куманово.

По незгодата детето било пренесено во болницата во Куманово од каде, по извршен лекарски преглед, му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во врска со настанот, Јавен обвинител и СВР Куманово презема мерки за утврдување на околностите и расчистување на случајот. Исто така, за настанот е информиран и одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
Translate »