Првата продавница на H&M во Македонија наскоро во Ист гејт мол
H&M Hennes & Mauritz AB (H&M) меѓународниот ланец на продавници, познат по одржлива мода и квалитет по најдобра цена, летово ќе ја отвори првата продавница во Македонија, во Ист гејт мол во Скопје.
„Многу сме среќни што ја отвораме првата продавница на H&M во Северна Македонија. Верувам дека ќе биде омилена модна дестинација за сите оние кои сакаат да изгледаат и да се чувствуваат добро”, изјави Мина Карлберг, менаџер за продажба на H&M Грција, одговорна за пазарите во Грција, Кипар, Бугарија, Хрватска, Србија, Грузија, Босна и Херцеговина и Македонија.
Продавницата H&M во Скопје (2.300 м2) ќе понуди широк избор на производи по најновите трендови, како и безвременски класици, кои ќе бидат инспирација за клиентите да го креираат својот личен стил.