Битиќи: Не е дојдено времето за полициски час – колку повеќе го кратите работното време, толку се поголеми загубите

Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економски прашања, презентирајќи го предлог-буџетот за 2021, рече дека Владата останува на ставот да не се воведува полициски час, иако бројот на бројот на заболени од Ковид-19 рапидно е пораснат.

– Ставот на владата е дека се уште не е дојдено времето за полициски час. Мерките од здравствен аспект даваат резултат. Што се однесува до последиците, тие се поврзани – колку повеќе го кратите времето на економските субјекти, толку повеќе загубите се поголеми за нив, рече Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање.

Вицепремиерот на презентацијата рече дека до крајот на годината календарот „е покриен“ со економските мерки, а во буџетот за 2021 за следната се предвидени 3 милијарди денари или 50 милиони евра за евентуални мерки за справување со ковид-кризата со кој ќе се подржат стопанството и граѓаните

До крајот на првата половина од 2021 нема да се размислува за зголемување на минималната плата, а при продажбата или јавно-приватното партнерство за „Македонска пошта“ и за „Македонски железници Транспорт“ приоритет ќе биде квалитетот на услугата за граѓаните, а не сумата која ќе се обезбеди за буџетот.

Битиќи потврди дека со Законот за финансиска независност на Собранието на Законодавниот дом за 2021 му следуваат дополнителни 3 милиони евра за трошење и дека овој орган со овие пари сам ќе ја дефинира систематизацијата и потребата за нови вработувања.

Translate »