Заев го осуди истурањето боја на новинарот Геровски
„Слободното однесување не смее да загрозува ничија туѓа слобода. Во таа насока, сметам дека чинот на истурање боја врз новинарот Героски е закана и загрозување на неговата слобода и на неговата професија – новинар. Ги осудувам таквите дејствија кои се негативен сегмент во нашето слободно општество и апелирам да не се повторуваат. За слободата заедно се боревме и ја добивме. Но, имаме уште многу работа за нашата Македонија целосно да ја ослободиме од недемократските влијанија“.
Ова го напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук, откако претходно беше објавен видео-материјал од негова изјава во САД, каде што чинот на истурање на боја врз Героски премиерот го оцени како показ на слободата во Македонија.
На ова реагираше Героски, со изјава на Фејсбук, во која, меѓу другото, напиша: „Во вистински слободна земја, после ваквата недоветна изјава, премиерот јавно му се извинува на новинарот, кој е жртва на напад од една од најопскурните личности на денешната јавна сцена во Македонија“.