Димитров: Јазикот не може да биде пречка за пријателство

Јазикот не може да биде пречка за пријателство ако тоа пријателство се заснова на заемна почит и ние ќе продолжиме да ги убедуваме нашите соседи во Софија дека тоа е така, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во своето излагање на онлајн-дискусија за евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан. 

Вели дека Македонија е посветена на обврските што произлегуваат од Договорот за добрососедство и укажа на тоа дека постојат два „магнети“ што ги привлекуваат македонските граѓани кон Европската Унија. Тоа е просперитетот и европските вредности. 

„Не е мудро историјата да стане предмет на разговор меѓу политичарите, тоа треба да им се остави на историчарите. Не можеме да ја смениме историјата, но можеме да ги промениме денес и утре“, рече Димитров.

Наведе дека владеењето на правото е нешто на што постојано треба да се работи.

Translate »