Пукано е во фудбалер со огнено оружје во Аеродром

Едно лице е тешко повредено во оружен инцидент  на улицата „Владимир Комаров“ во скопската општина  Аеродром, пренесува МИА.

Според очевидци со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот  погоден e Мартин Јанушев, активен фудбалер.

Случајни минувачи го сместиле повреденото лице во приватно возило и го транпортирале во непознат правец.

Полициски екипи се веќе пристигнати на терен, а напаѓачот е во бегство.

Translate »