Познат идентитетот на напаѓачот на фудбалерот во Аеродром

Недоразбирање помеѓу двајца пријатели заврши со престрелка во скопски Аеродром, дознава Пресс24 од полициски извори.

Според неофицијални информации, во Мартин Јанушев пукал негов пријател кој и од порано и е познат на полицијата, по серија најтешки кривични дела за кои одлежувал и затворска казна.

Напаѓачот е познат и во скопското подземје.

Од МВР се уште не може да се добие ниту потврда ниту демант на оваа информација. Според некои медиуми полицијата го знае идентитетот на напаѓачот и трага по него.

Нема информации за состојбата на застреланиот.

Translate »