Совети како да создадете свое уметничко катче од брачниот пар Тоциновски
Луѓето го поврзуваат зборот “уметност” со она што е во музеите, но добро уметничко дело може да се најде и во локалните галерии кои се наоѓаат во вашиот град и имаат свој личен уметнички отпечаток. Обрнете внимание на кариерата на уметникот коj нуди уметнички дела.
Каде да купите уметничко дело? ,,Фантаст,, уметничкото студио е за оние љубители на уметноста кои сакаат да започнат сериозно собирање на уметнички дела по разумни цени. Ве советуваме кога купувате уметност да стекнете добра основа и да го развиете личниот осет зошто ве привлекло одредено уметничко дело. Вие најдобро го знаете сопствениот вкус. https://www.facebook.com/TonyEmiTocinovski
Секогаш кога е можно, купете оригинални дела наместо кичести пресликани слики. Ние нудиме ограничени изданија, а тоа значи дека сите дела се уникатни и рачно изработени. Во нив има мистерија на фигуративна апстракција која е целосно отворена за неограничени интерпретации. Во нашето студио може да ви помогнеме да добиете уметничко дело и да откриете што сакате.
Секој кој има повеќе од едно парче уметничко дело веќе започнал своја колекција.
За да направите галериски простор најдобро е да се обидете да развиете контрастна шема на бои. Уметничките дела не мора да одговараат на боите на вашиот мебел или на додатоците. Со време откриваме дека повеќето луѓето одбираат уметнички дела кои имаат слична палета на нивниот декор. Идејата е да се добие целосен дизајн кој прави визуелна смисла, тоа е најважно.
Во просторот може да се создаде галерија со мали слики кои имаат различни стилови и несоодветни рамки кои добро стојат. Ѕидовите се совршени за овој вид на експеримент. Меѓутоа ние укажуваме на тоа дека мора да постои кохезивна тема заедно да се поврзуваат уметничките дела. Лош пример за поставување на делата е кога тие се местат по горната линија на рамката и личат на алишта спружени на жица.
Децата и уметноста. Научете ги за вредностите на живеење во добрите работи. Децата кои живеат со уметност во кој и да било медиум развиваат сензибилитет кој потоа го негуваат низ целиот свој живот.
Емилија и Стојче Тоциновски