Фоја предлог за садење во овој период-Пампас трева, уникатно растение кое не бара многу грижа

Ако сакате во дворот нешто уникатно и убаво, издржливо на високи температури, а кое може да преживее  и во студените зимски месеци, и секогаш да го привлекува вашиот поглед, тогаш изборот паѓа на Пампас тревата.

Популарно украсно растение кое дава посебен изглед на градината, со своите декоративни цветови кои потсетуваат на големи пердуви. Потекнува од Јужна Америка, а во Европа се појавува во 18 век. Нејзината првобитна намена била спречување на ерозија и заштита од ветер, но поради својот атрактивен изглед, брзо почнува да се одгледува како украсно растение.

Робустно повеќегодишно растение, припадник на семејството треви (Poaceae),  кое зависно од сортата, постигнува височина од околу 2,5-3 м и околу два метри ширина, па дури и повеќе.

Пампас тревата најдобро ќе успее на сончево место во градина. Се прилагодува на алкална, неутрална и кисела почва. Иако и одговара влажна почва, се снаоѓа и во услови на суша и силен ветер. Може да ги преживее студените зимски месеци, но со дебело мулчирање. Преку зима потребно е да се прекрие со конопна вреќа, која се отстранува во пролет, откако ќе помине опасноста од мразот.

При избор на место, потребно е да се размисли за конечната височина и широчина која пампас тревата ќе ја постигне. Расте широко и високо и ако тоа не се земе предвид, би можело да резултира со пренатрупан изглед на градината. Пампас тревата треба да биде на сонце поголемиот дел од денот, бидејќи сенката негативно влијае на нејзината височина. Периодов Пампасот е на попуст во Фоја.

Исто така во градинарскиот центар ФОЈА ќе најдете голем избор на растенија, но и можност да бидете наградени. Имено од 01.06.2024 до 15.06.2024 повеќе од 60 различни видови кои се одлични за садење овој период се на попуст од 30% (линк https://foja.com.mk/promo-30/) а со секоја сметка над 3000 ден имате единствена можност да учествувате во наградната игра и да освоите ВИКЕНД ПАТУВАЊЕ ЗА ДВАЈЦА-во Охрид.

Translate »