(Видео) Блудни девојки, алкохол и дрога во изобилие – еден остров нуди сè
Сите се „натпреваруваат“ да им понудат на туристите што пооригинални, полуксузни и покреативни искуства на нивните патувања, а за тоа сведочи и „секс турата“ во Колумбија.
Една колумбиска агенција на своите клиенти им нуди четиридневно искуство на луксузен секс туризам на приватен остров во Колумбија.
„Good Girls Sex Resort“, некогаш јавна куќа која специјализирала за поврзување со пазарот на луксузни туристички патувања, кои меѓудругото нудат и секс со локални проститутки и самостоен пакет услуги.
Во рамките на таа тура, на патниците им е понудена неограничена количина алкохол и сексуални услуги, а во текот на четиридневното патување се одобрува и користење дрога.
Освен наведеното, во цената на пакетот е вклучена и храна, голема забава на јахта и 24-часовна асистенција на англиски и шпански јазик.
Овој „туристички пакет“ предизвикал осуда кај еден дел од јавноста затоа што иако проституцијата е легална во Јужна Америка, подводувањето и секс-туризмот се строго забранети со закон, а промовирањето на проституцијата на овој начин се смета како продолжена рака на забранетите активности.
Многумина поради тоа се прашуваат дали сите девојки таму по своја волја го прават тоа или пак се жртви на трговија со луѓе.
Жените во Колумбија претставуваат 88 отсто од жртвите на трговија со луѓе и тие главно завршуваат во присилна проституција.