Владимир Путин ќе влезе во војна со соседните земји доколку му се дозволи да ја нападне Украина!
Британските власти денеска предупредија дека Владимир Путин се подготвува за најголемата војна во Европа од 1945 година и дека, доколку не се запре, ќе продолжи да ги напаѓа и другите поранешни советски републики, не само Украина.
Владимир Путин ќе влезе во војна со соседните земји доколку му се дозволи да ја нападне Украина, предупреди британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.
Трас изјави за Мејл дека Путин ќе го искористи нападот врз Украина како изговор за насилно заземање други поранешни републики.
„Мораме да го спречиме бидејќи нема да застане во Украина“, рече таа.
„Тој беше многу јасен, неговата амбиција не е само да ја контролира Украина. Тој сака да го врати времето во средината на 1990-тите или порано“, рече Трас, додавајќи дека рускиот лидер јасно ставил до знаење дека сака да создаде „Голема Русија“ која би контролирала големи делови од Источна Европа.
„Затоа е важно да се спротивставиме на Путин. Ако Украина падне следната недела, кој е следниот?
Коментарите на министерката следуваат откако британскиот премиер Борис Џонсон изјави за Би-Би-Си дека Русија ја планира најголемата војна во Европа од 1945 година. Џонсон рече дека сите знаци покажуваат дека рускиот план за инвазија на Киев на некој начин веќе започнал.
„Луѓето треба да ја разберат големата цена што ова може да ја носи. Се плашам дека планот што го гледаме е нешто што навистина може да биде најголемата војна во Европа од 1945 година во однос на нејзиниот обем“, рече Џонсон. „Луѓето мора да ги земат предвид не само потенцијалните загуби на животи на Украинците, туку и на младите Руси“, додаде тој.