Пијан турист наместо да се врати во хотелската соба, се качил на планина
Туристот Павел од Естонија ноќта толку се напил што наместо да се врати во хотелска соба , почнал да се искачува по италијанските Алпи. 30 годишниот Естонец сфатил дека се изгубил дури во раните утрински часови, но продолжил да се искачува во надеж дека сепак ќе стигне до хотелот во кој бил сместен. За среќа налетал на бачило, ја скршил вратата, се напил две шишиња вода и веднаш заспал. Кога вработените го нашле, тој уште бил во бессознание. Газдата на бачилото ” Игало” вели дека Павел имал голема среќа бидејќи не било студено па успеал да се спаси. Во меѓувреме, пожарникарска бригада, полиција и дронови тргнале да го бараат заскитаниот турист. Италијанските власти соопштија дека против туристот нема да биде поднесена никаква пријава , но сепак ќе мора да плати за штетата направена во бачилото.