Како да спречите појава на мувла?

Квалитетни ПВЦ прозорци за добра изолација, правилно проветрување за спречување појава на мувла

Во ладните денови во еден просечен дом од дишење и готвење се ослободува 10-15 литри вода во форма на пара која треба да биде исфрлена надвор или истата ќе се впие во ѕидовите и за некој период ќе формира мувла. Кај стари прозорци со слабо дихтување обично нема потреба од чести проветрувања бидејќи преку процепите во прозорците воздухот внатре-надвор циркулира непречено. Нешто слично како кога во колата ќе го отворите прозорот неколку милиметри и ќе ја снема влагата од стаклата. Прозорците што  не дихтуваат се простории оневозможуваат просториите да се загрејат, предизвикуваат повисоки сметки за струја и ладни ѕидови кои создаваат предуслов за мувла.

Според Филип Ангелевски од компанијата Алу – Ангелевски (kontakt 070 245 423) секоја просторија треба да се проветрува неколку пати дневно по неколку минути (задолжително пред легнување и од сабајле) со широко отворени прозорци, по можност со отворање на повеќе прозорци истовремено и создавање поголема циркулација на воздухот со што побрзо се исфрла топлиот влажен воздух надвор а внатре влегува сув ладен воздух без да се изладат ѕидовите и мебелот во просторијата.  

Домот е место каде го поминувате поголемиот дел од вашето време. Одржувањето на оптимална температура и влажност на воздухот е исклучително важно по здравјето. Многу болести се предизвикани токму поради зголемена влажност во внатрешните простории. Како на пример, инфекции на респираторен систем, појава на алергии, замор, вртоглавица. Профилите Decco се совршен избор за оние кои бараат највисоки топлински перформанси и одличен дизајн, а по разумни цени . Новите прозорци се инвестиција која многу брзо се враќа.

Ова се неколку совети за намалување на влага во просторијата:

  • Да не се проветрува со оставање на Прозорците на кипање подолго време бидејќи така многу се ладат ѕидовите околу прозорот и се подложни на создавање поголема мувла.
  • Влажноста во просторијата не треба да надминува 60%.
  • често проветрување по 5-10 минути со целосно отворени прозорци. За тоа кратко време ќе излезе влажниот топол воздух а ќе влезе сувиот ладен воздух. Бидејќи сувиот воздух се загрева за 4 пати побрзо од топлиот, а зидовите и предметите во просторијата за тоа кратко време не можат да се изладат просторијата веднаш ќе се загрее. Сигурно сте забележале зимно време по кратко проветрување, просторијата веднаш се затоплува како пред проветрување.
  • Да избегнуваме сушење алишта во затворени простории.
  • да се држат затворени вратите од просториите кои не се загреваат, за да не влегува во нив влажен воздух од дневната или кујната, влажен воздух кој во незагрејаните простории се лади и кондензира на ѕидовите и прозорите.
  • Доколку во спалните соби имаме голема кондензација за време на спиење да ја оставаме отворена вратата за да влажниот воздух се шири и во другите простории со што би се намалила влажноста во спалната и со тоа создавање на мувла во истата.

 

Translate »