Партнерот на бремената Клои Кардашијан “уловен” со камера како бакнува девојка

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан би требало да се породи секој момент. Но, еден од најсреќните моменти во животот изгледа нема да и помине убаво имајќи предвид дека „Мејл онлајн“ објави видео во кое наводно нејзиниот партнер Тристан Томпсон се бакнува со непозната девојка во клуб!

Наводно станува збор за девојката која се вика Лана Блер, а штом нејзиното име се појавило во медиумите, таа го заклучило својот профил на Инстаграм.

На сминката тој носи дуксер со качулка преку главата, и иако не може да му се види лицето, на другите фотографии се гледа дека тоа е облеката која што тој ја носел истата вечер во истиот клуб во Њујорк.

 А, дека видеото не е единствениот (половина)доказ, жената која го снимила дала изјава дека тоа дефинитивно бил кошаркарот.

– Бев таму, а тој седеше на масата покрај нас со група приајтели и една девојка со која отворено се бакнуваше цела ноќ. Се прегрнуваа и беше очигледно – истакнала таа.

И како ова да не е доволно стресно за идната мајка Клои, американскиот портал ТМЗ ја искористи приликата да објави снимка од безбедносните камери од 7 октомври кога Клои била во третиот месец од бременоста. Ова видео го прикажува Тристан како со бакнува со една жена, додека друга прегрнува.

Тристан и Клои се уште се немаат огласено по повод овој инцидент, но многумина сега потсетуваат на Џордан Крег, мајката на 15-месечниот син чиј татко е токму кошаркарот. Тристан и раскинал со Џордан додека била бремена со нивниот син, бидејќи наводно тогаш веќе ја започнал врската со Клои

Кардашијан.

 

 

 

Translate »