Мистериозен човек патувал во истиот авион со кој патувала Јулија Скрипал

Руски државјанин патувал со истиот авион за Велика Британија како и Јулија Скрипал, ќерката на поранешниот агент Сергеј Скрипал.

Се верува дека тој би можел да биде вмешан во труењето на Јулија и Сергеј, кое се случило на 4. март во Салисбери во Велика Британија.

Ова “сомнително лице” пристигнало во Велика Британија со лет на “Аерофлот” на 3. март, само ден пред инцидентот. Само неколку часа подоцна, ова лице се вратило назад во Москва.

Како што пренесуваат британските медиуми, се верува дека уште неколку луѓе би можеле да бидат предмет на истрага.

 

aspals legal pages@aspals

Case: “Was poisoner on the same flight to the UK as spy’s daughter? Russian on Yulia Skripal’s plane from Moscow is investigated over nerve agent attack “ http://www.dailymail.co.uk/news/article-5575465/Russian-Yulia-Skripals-plane-Moscow-investigated-nerve-agent-attack.html 

Russian on Yulia Skripal’s plane from Moscow is investigated

Britain’s spy agencies have red-flagged an individual who arrived at Heathrow on the Russian state-owned Aeroflot flight AFL2570 from Moscow that landed at 2.32pm on Saturday, March 3.

dailymail.co.uk

Засега, станува збор за мистериозно лице, а Британија ќе се обиде да утврди дали е поврзано со случајот Сергеј Скрипал.

Британскиот пратеник Џон Глан прашал кој се бил на истиот лет со Јулија и како отровот дошол во градот.

“Кој имало во авионот? Дали тоа лице се вратило во Москва во наредните неколку часа?”, прашал тој, додавајќи дека не е прашање дали отровот пристигнал во Британија, туку како.

Потсетуваме, Јулија Скрипал се опоравува во болница, а нејзиниот татко и натаму е во критична состојба.

Translate »