Група вегани му здодеале на сопственикот па извадил еден бут и почнал да јаде пред нив

 Готвач разлутил група вегани демонстранти бидејќи седнал да сече бут од елен во излогот од неговиот ресторан, додека тие надвор протестирале. Тоа бил четврти протест пред неговиот ресторан.


Готвачот Мајкл Хантер е косопственик на „Антлер” во Торонто. Ресторанот е усовршен за локално одгледувани состојки и вклучува дива свиња и елен на своето мени.


Веќе неколку недели, вегани демонстранти протестираат пред ресторанот со пароли обвинувајќи ги за убиство и суровост кон животните.


Овој пат тие се вратиле со огромна парола на која пишувало “убиство” и пароли на кои пишувало: “Пилињата покажуваат сочувство кон страдањето на другите. Можеш ли и ти?’


Одговорот на Хантер бил следниов. Тој излегол од кујната, носејќи со себе голем бут од елен, и се поставил на масата пред излогот. Демонстрантите се свртеле кон ресторанот за да дојдат до Хантер и побарале од него да додаде “вегетански бифтек” на менито пишувајќи со креда на тротоарот, но биле пресретнати со бут од елен и парола кој гласела ” еленското месо е новата зелка”.

 

По сечењето на месото, Хантер се повлекол во кујната за да го зготви. Потоа, триесет минути подоцна се вратил пред излогот и го јадел пред групата.

Социјалните медиуми не сочувствуваа со веганите, ниту пак клиенти во ресторанот што јадеа внатре додека се одржуваше протестот. Затворањето на еден мал бизнис нема да предизвика голема штета на месната индустрија во целина, а ваквите протести секако им покажуваат на луѓето една многу специфична страна на веганството. Да појаснам, лоша страна.Lokalno.mk

Translate »