Како изгледа излегувањето по ресторани и кафетерии во Азија, каде мерките против Корона се веќе намалени.
Јасно е дека пандемијата ќе промени многу нешта во нашиот живот. Патувањата, одењето на плажа, пиењето кафе и одењето во ресторан сигурно нема да бидат исти како досега.
Во делови од Азија постепено почнуваат да се ублажуваат мерките за заштита, па луѓето повторно почнаа да излегуваат по ресторани и кафетерии.
Поради ова, Дејвид Ченг, кој е готвач и сопственик на ресторан, ги замолил луѓето кои се наоѓаат во Тајпеј, Кореја, Кина и Хонгконг да споделат како изгледа сето тоа.
Иако правилата се разликуваат од локација до локација, јасно е дека дистанцирањето сè уште е приоритет.
Во некои ресторани има прегради на масите, на некои места гостите седат пооддалечени едни од други, а некаде на гостите им се даваат заштитни маски и средства за дезинфекција.
Во продолжение погледнете дел од фотографиите што ги споделиле твитерџиите од Азија:
„Воглавно нештата се вратени во нормала, но оваа глетка е честа“
„Мензата за вработени во ASUS во Тајпеј“
„Машина за целосна дезинфекција на телото пред влегување во ресторан во Шангај. Вработените носат маски и ракавици“
Can diners in Taipei, Hong Kong, Korea, China send me photos of what it looks like in restaurants.
How the seating is set up?
Are all the servers wearing masks and gloves.
What are guests wearing?
If anyone works in kitchens how are you dealing w new protocol?Paul Lin@tribal
Full body disinfectant spray machine before you enter this restaurant in #Shanghai. Staff in full mask and gloves.
220 · Shanghai, People’s Republic of ChinaTwitter Ads info and privacy107 people are talking about this
„Ресторан во Хонгконг – само што ги инсталиравме преградите“
„Starbucks во Тајпеј“
„Ова е Hey Tea во Шенжен. Сите вработени носат маски, а на клиентите им се проверува температурата“
извор Црнобело