EUCERIN® SUN OIL CONTROL – КАЖЕТЕ ЗБОГУМ НА ЛЕПЛИВИТЕ ОСТАТОЦИ ОД КРЕМИ НА КОЖАТА!

loading...

Сѐ што барате од производите за заштита од сонце можете да го најдете во новата иновативна, ненадмината зашти­та со ултралесна текстура, којашто после нанасување, за само неколку секунди целосно се впива во кожата.

Користењето на производи за заштита од сонце е една од најважните мерки за заштита на кожата од оштетувања и од рак на кожата, предизвикани под влијание на сонцето. Затоа, кога планирате да се изложувате на сонце, подготовката секогаш треба да ја започнете со нанесување на производ за заштита од сонце. Но, дел од луѓето обично не сакаат да користат производи за заштита од сонце, заради што научниците на Eucerin® направија испитување1 за да откријат што точно не им се допаѓа на луѓето во постоечките формули. Заклучоците од испитувањето, што не им се допаѓа на луѓето, беа следните:

  • непријатните остатоци, коишто некои производи ги оставаат на кожата;
  • чувството на лепливост после нанесување на некои производи за заштита од сонце;
  • густата текстура, којашто бавно се впива во кожата.

  За некои луѓе ова е доволно за да ги спречи да користат производ за заштита од сонце или да го нанесат повторно во текот на денот.

Нашата мисија е да создаваме производи за заштита од сонце коишто ќе сакате да ги користите

Кое е решението? Eucerin® Sun Oil Control Гел-крем за заштита од сонце за тело DRY TOUCH со SPF30 и SPF50+ е перфектно­то решение за сите коишто не ги сакаат стандардните креми за заштита од сонце. Нашата цел е да им помогнеме на луѓето да сакаат да употребуваат производи за заштита од сонце и да ги мотивираме да ги користат редовно, да ги применуваат правилно и рамномерно на целото тело. Беше направено иследување за Eucerin® Sun Oil Control Гел-крем за заштита од сонце за тело DRY TOUCH со SPF30 и SPF50+, кое ги даде следните заклучоци:

  • 95% од испитаниците потврдуваат дека гел-кремот остава моментно суво чувство на кожата;
  • 92% од испитаниците сметаат дека производот не е масен, не е леплив и не остава бели траги;
  • 96% од испитаниците велат дека се апсорбира во кожата за неколку секунди;
  • 95% од испитаниците потврдуваат дека после употреба на производот песокот не им се лепи на кожата.        

Ефикасна заштита од сонце за вашата кожа ова лето

Новиот Eucerin® Sun Oil Control Гел-крем за заштита од сонце за тело DRY TOUCH содржи највисока заштита од сонце со Advanced Spectral Technology од Eucerin®, којашто ги комбинира анти­оксидантот ликохалкон А за неутрализирање на слободните радикали предизвикани од УВ-те зраци и високоенергетската видлива (HEVIS) светлина, со глициретинска киселина чијашто улога е да ги помага сопствените механизми за обновување на ДНК на кожата. Eucerin® Sun Oil Control Гел-кремот за заштита од сонце за тело DRY TOUCH е со дополнително засилена водоотпорност и е отпорен на пот, односно нема да се измие додека пливате или при пр­вите знаци на потење. За да го запазите првичното ниво на заштита, важно е повторно да нанесувате од производот на одредени интервали. Благодарение на неговата ултралесна формула, тој остава суво чувство на кожата, заради што е задоволство да се нанесува често.

Дополнително, ние се грижиме и допринесуваме за доброто на чувствителниот воден екосистем. Бидејќи истражувањата направени на Хаваите докажаа дека одредени состојки во производите за заштита од сонце неповолно делуваат на морската флора и фауна, особено на чувствителните корални гребени, од производите на Eucerin® Sun беа отстранети состојките октиноксат и оксибензон.

Eucerin® Sun Oil Control Гел-крем за заштита од сонце за лице со SPF50+, 50 мл: сакате ли да ја задржите кожата матирана и после нанесување на крем за заштита од сонце? Ви препорачуваме да користите Eucerin® Sun Oil Control Гел-крем за заштита од сонце за лице за Вашата чувствител­на кожа. Не остава масни траги и има мат-ефект на кожата против масен сјај до 8 часа. Спе­цијално е разработен за масна и акнеична кожа.

Eucerin® – ненадмината заштита од сонце за секој тип на кожа

Производите за заштита од сонце на марката Eucerin® се направени да ги задоволат потребите на сите типови на кожа и демонстрираат дерматолошки докажана подносливост од кожата. Клинички докажаната ефикасност, активните состојки и иновативните формули во различните производи за заштита од сонце од Eucerin® овозможуваат задоволување на индивидуалните потреби за заштита од сонце на сувата, чувствителна, масна и акнеична кожа на лице и тело, детската кожа, како и на кожата склона кон алергии на сонце.

Translate »