Цената за паркирање на Водно и на Кале ќе се зголеми

Сто денари за првиот час, а секој нареден по 50 денари ќе чини паркирање во зона А0. Ова се вели во Одлуката за дополнување на Ценовникот на „Градски паркинг“, која денеска се најде пред градските советници на предлог на градоначалникот Петре Шилегов.

фото:Плусинфо

Со оглед на фактот дека ЈП “Градски паркинг“ до сега немаше А0 зона, а во А- зоните воопшто е дозволено паркирање од најмногу два часа, неофицијално се дознава дека вакво зонско паркирање ќе се воведе на Кале и на Средно Водно, што би значело воедно и укинување на забраната за движење со автомобили на Водно преку викенд.
Translate »