УШТЕ ЕДНА ИЗМАМА: И ОДЗЕЛЕ 2 000 ЕВРА ЛАЖЕЈЌИ ЈА ДЕКА ЌЕРКА Ѝ ПРЕДИЗВИКАЛА СООБРАЌАЈКА

Скопјанката пријавила дека платила 1 400 евра и 30 илјади денари во текот на вчерашниот ден околу 18 часот.

Според пријавеното, околу 10.00 часот од непознат број ѝ се јавило лицето и ѝ рекло дека нејзината ќерка и нејзиниот партнер предизвикале сообраќајна незгода во која било повредено едно лице-мигрант, а ќерка ѝ била со тешки повреди.

Исто така, според пријавеното, лицето ѝ кажало дека требала да плати 25 000 евра за да ја спаси ќерка си од одговорност.

Според пријавата, потоа тие се сретнале и му ги дала парите. Се работи на расчистување на случајот.

Translate »