Левандовски го ”сруши” интернетот со фотографија од кревет по вчерашното финале – погледнете со каква ”убавица” спиел: „Се разбудив вака“
Со последната фотографија која што ја објавил на социјалните мрежи, Роберт Левандовски, за само еден час добил над милион лајкови.
А, што има на фотографијата? Тој и пехарот од Лига на шампиони, во кревет.
Човекот кој што речиси е најзаслужен за освојувањето на Европа на минхенскиот тим, затоа што ја имаше една од најдобрите сезони во својот живот годинава, се фотографирал со пехарот во кревет, а под фотографијата напишал:
„Се разбудив вака“.https://www.instagram.com/p/CERBQtIB-LX/embed/captioned/?cr=1&v=12&wp=880&rd=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk&rp=%2Fadmin%2Fnews%2F351770%2Fedit#%7B%22ci%22%3A0%2C%22os%22%3A389.9799999780953%2C%22ls%22%3A377.65000003855675%2C%22le%22%3A384.9799999734387%7D
Фотографијата на Левандовски предизвикала многу позитивни реакции на социјалните мрежи и моментално е една од најпопуларните на истите.
Баерн Минхен до пехарот на Лигата на шампионите стигна вчера со победа од 1:0, против екипата на ПСЖ во Лисабон.