Астероид со форма на череп се ближи кон земјата
Астероид, со интересен облик во форма слична на човечки череп, ќе се приближи до Земјата во 2018 година.
Шпанските научници од Институтот за астрофизика на Андалузија соопштија дека астероидот 2015 ТБ-145, кој е сличен на облик на череп, ќе се приближи до Земјата следната година. Неговата големина се движи од 625 до 700 метри во дијаметар, а периодот на ротација е околу три часа.
Забележано е дека рефлексивноста на површината на астероидот е многу мала. Одразува само шест проценти од сончевата светлина. Последен пат кога објектот е забележан кога се приближуваше кон нашата планета на 31 октомври 2015 година, поради што го доби прекарот “Ноќ на вештерките”. Според научниците, следниот пат астероидот 2015 ТБ-145 ќе и се приближи до Земјата во 2088 година.