Пратениците со играчки следат седници во Собрание
Кој рече дека само децата си играат со играчки? Некои пратеници си носат играчки во Собрание и на тој начин претпоставуваме дека се ослободуваат од стресот или ја убиваат досадата де. На Комисијата за надворешни работи каде се дебатираше за договорот со Бугарија на “радар” го фативме пратеникот Артан Груби од Дуи . Тој се дружеше со жолт “спинер” играчка со која се занимаваат децата, а изгледа и возрасните. Предлагаме ако ова е начин за ослободување од стрес, во Собрание да се направи една игротека, ефтино е, а корисно само да не се истепаат и за тие играчки, кој да врти со спинерот!





