Американската булдожер дипломатија денеска во Скопје
Американскиот помошник државен-секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел по Приштина денеска пристигнува во Скопје, како втора дестинација во рамки на неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.
Мичел во Скопје ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, а ке има работен реучек со министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Шефот на македонската дипломатија Димитров вчера најави дека прашањето за името ќе биде една од главните теми на средбата со Мичел.
– Мислам дека состанокот ќе тргне со тоа прашање. Тоа ќе биде прилика да го запознаеме со динамиката во процесот за надминување на разликата околу името, рече Димитров и додаде дека од македонска страна ќе биде поставено и прашањето за шансите Македонија годинава да стане дел од НАТО, за динамиката на одлуките на Самитот на Алијансата во јули оваа година, како и некои други прашања во контекст на перспективите на регионот.
На 15 март Мичел ќе пристигне во Атина каде ќе се сретне претставници на Владата на Грција.