Шпанскиот премиер: Путин е во војна со цела Европа

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави за „Политико“ дека Русија не е во војна само со Украина, туку и со целата ЕУ.

„Русија ја губи војната. Рускиот претседател Владимир Путин ја користи енергијата како воено оружје бидејќи е загрозен од вредностите на ЕУ“, изјави Санчез за „Политико“.

„Европскиот енергетски систем сега е пазар кој не функционира. Поучувајќи од моделот на пандемијата, зошто да не го централизираме купувањето гас, како што направивме со вакцините?“, праша шпанскиот премиер.

Европските политички лидери сега се соочуваат со значителна тензија помеѓу нивните ветувања за транзиција кон зелена енергија и потребата да ги задржат светлата и греењето вклучени како што се приближува зимата.

„Не користете ја оваа енергетска криза за да го блокирате напредокот во решавањето на климатската криза“, ги повика Санчез своите колеги водачи пред Генералното собрание.

Санчез вели дека со инвазијата на Украина, Русија им пркоси на клучните аспекти на меѓународниот поредок и самата Повелба на ОН.

„Ситуацијата што Русија ја создаде во Украина е главниот доказ дека ни е потребна силна реформа на системот на ОН“, рече тој.

Translate »