Паника во Кремљ: Пресретнатите писма од најелитните руски единици укажуваат на пад на моралот и деградација на воените способности на Москва!
Институтот за проучување на војната (ISW), објави нова анализа од конфликтот во Украина.
Во анализата се наведува дека итната дискусија на 19 септември за потребата Русија веднаш да ги анектира Луганската и Доњецката област (од кои поголем дел не се под руска контрола), укажува на тоа дека тековната контраофанзива на Украина предизвикала паника во Кремљ.
Парламентите на Доњецка и Луганска Народна Република, го повикале секое свое раководство „веднаш“ да одржи референдум за признавање на ДНР и ЛНР како руски субјекти.
Главната уредничка на „RT“, Маргарита Симоњан го поздравила ова барање, нарекувајќи го „кримско сценарио“ и додала дека со соединувањето на ДНР и ЛНР, Русија може полесно да му се закани на НАТО.
Институтот за војната наведува дека овој пристап е некохерентен поради тоа што руските сили не ги контролираат сите области во Доњецк и Луганск.
Отстапување на териториите на кои се дава право ДНР и ЛНР според тоа би довело до тоа Русија да ги отстапи областите кои по дефиниција на Кремљ биле делумно „окупирани“ од страна на украинските власти и украинските сили кои напредуваат.
Украинските удари на Крим јасно покажуваат дека со нападите на територијата која Русија ја анектирала автоматски не ја започнуваат руската одмазда на НАТО, во што Симоњан би сакала да верува.
Делумната анексија во оваа фаза исто така би го ставила Кремљ во чудна позиција да бара украинските сили да ја ослободат „руската“ територија, како и понижувачка положба дека не е во состојба да го спроведе тоа барање.
Останува многу нејасно дека рускиот претседател Владимир Путин бил подготвен да се стави во таква врска поради сомнителна корист од полесното загрозување на НАТО или Украина со ескалација која е малку веројатна дека ќе се спроведе во оваа фаза, наведуваат експертите од „ISW“.
На руското раководство можеби му исчезнуваат начини да се обиде да ги запре украинските сили додека напредуваат преку реката Оскил и се ближат до Луганската област.
Кремљ можеби верува дека делумната анексија би можела да го поттикне регрутирањето на дополнителни сили, како од Русија така и од новоанектираните украински територии.
Руските сили очајнички се обидуваат да ги мобилизираат дополнителните сили од сите потенцијални извори за да ги пополнат своите тешко деградирани и деморализирани единици, но се покажало дека не се во состојба да создадат значајна борбена моќ, наведува Институтот.
Оваа најнова расправа за анексијата исто така изостава други делови од јужна Украина кои ги окупирала Русија во кои Кремљ претходно планирал лажни референдуми за анексија.
Подготвеноста да се откаже од обраќање дека сите окупирани области истовремено ќе се воведат во Русија би било значајно повлекување за Путин во очите на тврдокорните повоени групи на кои очигледно им се „додворува“.
Останува да се види дали е подготвен интерно да се компромитира на таков начин.
Застапниците на Кремљ во Донбас редовно ги надминуваат пораките на Кремљ, од друга страна, можеби тоа го правеле повторно додека се бореле да ги задржат своите окупирани територии соочени со успешната контраофанзива на Украина.
Неодамнешните украински успеси во контраофанзивата дополнително го намалуваат и онака лошиот морал меѓу руските единици кои се сметале за елитни пред 24 февруари.
Независниот белоруски медиум „Вот Так“ објавил фотографии од пресретнатите документи кои ги оставиле руските војници од единицата 31135 од 1-от моторизиран полк на 2-та гардиска моторизирана стрелачка дивизија додека бегале од Изум.
Потпишаните документи датираат од 30 август, пред украинската контраофанзива на Харков на 7 септември, вклучувајќи писмени молби на командантните единици 31151 да ги отпуштат авторите на писмата поради упорен „физички и морален умор“.
Украинската служба за известување тврдела дека 90 отсто од 1-от моторизиран полк пишувал страшни извештаи за состојбата на моралот уште на 23 мај 2022 година, наведува Институтот за војна и заклучува дека „пресретнатите писма укажуваат на распространетоста на проблемите со моралот меѓу најелитните единици на Русија и деграцијата на руските конвенционални способности во борбата против НАТО“.