НАВИВАЈ ЗА МАКЕДОНИЈА ОД СРЦЕ

Вреди ли да се сонува?
Секако!
Доказ за тоа е и сонот стар 30 години. Сон кој го имаше целата нација – да ја видиме Македонија на едно големо фудбалско натпреварување!
Конечно тој се оствари, а сега се бројат деновите до почетокот на Европското. Се чека и моментот кога нашите херои ќе го облечат дресот и со гордост ќе истрчаат на теренот.
Во нивната посветеност не се сомневаме, знаеме дека ќе остават срце на терен и ќе дадат сѐ од себе за да ни донесат уште поголема радост.

Затоа Телеком во својата реклама обедини многу препознатливи лица за фудбалот, кои се релевантни за нашето фудбалско минато и иднината која доаѓа. Тие имаат една и единствена порака до сите нас: Да им покажеме на фудбалерите дека не се сами!
Со нив сме сите ние кои ќе навиваме од срце и душа и заедно во еден глас ќе ја дадеме нашата поддршка следејќи ги нивните успеси преку MaxTV.

Тие се нашите херои, на нив им требаме ние, да бидеме со нив во секој момент од оваа Европска авантура! Одиме силно!

видео:

https://youtu.be/Arh1Ugwn6HE

Translate »