Земјотрес почувствуван во Македониja
Земјотрес со интензитет од три степена според Европската макросеизмичка скала почувствуван е изминатата ноќ на истокот од земјата, во околината на Пехчево и Берово.
Земјотресот е регистриран од телеметриската сеизмолошка мрежа на РМакедонија, вчера во 19 часот и 29 минути, а епицентарот се наоѓа пет километри северозапазно од Пехчево. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.7.