5 блиски дестинации за одмор

Летото е пред прагот и со него доаѓаат сите планирања за летен одмор. Знаеш и сам дека заслужи малку одмор, на некоја песочна плажа со ладен пијалак и солидна доза на сончање. Зарем не ли е тоа и совршениот начин на кој сите си ја замислуваме заслужената летна релаксација?

Да се одлучиш каде ќе одмориш преку летото не е лесно, особено ако сакаш да е ефтино, со убава плажа и море, и вкусна храна. Не се разочарувај, постојат такви места и во наша близина, каде можеш да уживаш без да потрошиш сериозен дел од твојот домашен буџет.

1. Црна Гора, Будва


Будва е бисер на Јадранот и центар на медитеранскиот туризам. Таа е место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. “Будванската ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради кои се доаѓа во оваа престолнина на Црногорскиот туризам.

Со оглед на тоа дека Јадранското Море е незаменливо, Црна Гора е прва во изборот.

За поактивен ден на плажа, Будванската ривиера нуди широк спектар на активности како: нуркање, скијање на вода, истражување на бреговите со брод, прекрасна храна и многу повеќе.

Повеќе на https://budva.travel/

2. Грција


Шансите да видиш некој познат по време на одморот во Грција се огромни, бидеќи и покрај сѐ, плажите на југот нѝ се помеѓу омилените. И нема како да не ги сакаме, кога Егејското Море е едно од најубавите и самите цени во Грција не се премногу скапи, особено после економската криза.

Краците во Халкидики се дефинитивно најпопуларната дестинација и понудите за летен одмор таму се бесконечни. Во случај да одлучиш дека сакаш да ги избегнеш гужвите на Халкиди, нашиот совет е Кавала, на исток, или Лептокарија малку подолу на југ. Цените тука не се ништо поскапи од тие на Халкидики и самите плажи се едни од најубавите во Грција.

А, за тие што сакаат малку поинаква летна авантура, островот Тасос е нашата препорака. Цените што таму ќе ги платиш можеби се малку поскапи, но островот компензира со својата уникатна убавина и песочни плажи.

3. Бугарија


Нашиот сосед на исток е познат по летните забави во Златни Песоци и Сончев Брег и е меѓу омилените дестинации на помладите. Самите цени во Бугарија не се премногу високи, но преку летната сезона знаат да бидат малку покачени на попопуларните места поради големиот број на туристи.

Постојат и помали градчиња каде што можеш да одмориш без премногу лудување и големи трошоци. Ахтопол и Созопол се помали места на бугарското јужно крајбрежје со прекрасни плажи и фантастични барови. Вредат да се посетат доколку сакаш освен сончање, да видиш и малку историја, бидејќи тие се едни од најстарите населени места на Црното Море.

4. Албанија


Туризмот во оваа држава е во подем во последните неколку години, и тука се најубавите плажи во нашата близина, токму поради фактот што години назад тие воопшто не биле посетувани. Албанија е вистински пример за недопрена убавина.

Нашата препорака се Ксмаил и Саранда на самиот југ од државата и во непосредна близина на грчкиот остров Крф. Иако, патот е малку подолг до овие места поради самата патна инфрастуктура во Албанија, кога ќе пристигнеш ќе разбреш дека се исплати. Цените се далеку пониски од било каде во регионот, додека плажите се со покриени со ситен бело-златен песок.

5.Малта


Во ред, Малта и не е толку блиску. Но, со достапните евтини летови најверојатно ќе пристигнеш побрзо до Малта со авион, отколку со кола до некоја од претходно наведените локации. А зашто токму Малта? Тоа е еден мал остров во средината на Средоземното Море со многу историја и уникатна архитектура кој вреди да се види барем еднаш во животот. Цените се блиску до нашите, а во локалните ресторани преовладува италијанската кујна.

Translate »