Шетање без маица во Будва ќе биде казнето со сума од 500 евра

По примерот на Хрватска , Будва планира да воведе казна за шетање без маичка во износ од 500 евра, а за шетање во костим за капење 600 евра . Оние кои јадат и пијат на јавна површина ќе бидат казнети со 700 евра.

Надлежните служби во Будва ги повикале граѓаните поради значењето на Одлуката за комунален ред во секојдневното функционирање на градот, граѓаните, економските субјекти, туристите , како и нивниот однос кон заедничките јавни површини, во што поголем број да им помогнат со сугестии во креирање на нацрт Одлуката за комунален ред, јави РТС Будва.

-Важноста на оваа одлука како и правилата и однесувањето на јавни површини е можно да се согледа во одлуките на градовите во соседните земји каде, за споредба, на Хвар за туристите е истакнато известување за правилата и казните кои ги очекуваат поради непримерно однесување, па така за шетање без маичка е предвидена казна од 500 евра, во костим за капење 600 евра, додека казната за јадење и пиење на јавни површини изнесува 700 евра-навеле од надлежните општински служби.

Со одлуката, како велат, може да се препишаат и разни, други правила на однесување кои би ги регулирала комисиските проблеми за паркирање, сушење облека, оставање ѓубре, изглед на згради, гласна музика и слично.

Translate »