Хаос на Косово-Специјалците “Росу” фрлаат шок бомби врз Србите
Косовската полиција го уапси Марко Ѓуриќ, директор на Канцеларија за КИМ во владата на Република Србија .
Тој попладнево се појавил во Косовска Митровица и покрај забраната за влез од косовските власти.
Со помош на специјаланата единица Росу тој е пренесен во полициската станица во Приштина, а потоа е спроведен до граничниот премин Мердаре каде ќе им биде предаден на српските власти.
Состојбата во Косовска Митровица е тензична. Српското население протестира, a според најновите информации има и пукање.