Како да го спречиме белеењето на косата?
1. Кубењето на бело влакно нема да предизвика појава на две нови
Веројатно сте ја слушнале оваа „бабина приказна“. Но научникот Ренди Шулер изјавил дека нема потреба да се грижите за ова. Имено, кубењето на едно влакно од косата нема да има никакво влијание на другите. Но, имајте на ум дека со кубењето на влакното можете да ги оштетите фоликулите, па на негово место да не порасне ново. После ова сознание, белата коса и не е толку страшна.
2. Косата нема да ви побели од стрес
Веројатно сте забележале како ги споредуваат американските претседатели од почетокот и крајот на нивниот мандат. Најголемата разлика во нивниот изглед е нивната побелена коса. Сепак, нема никакви научни докази кои потврдуваат дека косата побелува од грижи. Имено, дерматологот Хауард Брук изјавил дека од стресот не можете да добиете бела коса, туку можете привремено да ја изгубите. Сепак, стресот може да предизвика мала промена на пигментите на новите влакна кои ќе пораснат после стресниот период.
3. Доколку ве интересира кога ќе ви побеле косата, погледнете ги вашите родители
Престанете да ги обвинувате вашите деца тинејџери за побелената коса. За да дознаете кога и вам ќе ви побели косата, погледнете ги вашите родители бидејќи најверојатно ваша коса ќе побели на иста возраст како и нивната.
4. На побелувањето влијае и етничката припадност
Според истражувањата, косата на белците побелува порано од онаа на Азијците и Афро-американците.
5. Правилото 50-50 не е целосно вистинито
Правилото дека со стареењето се менува сè во нашето тело, вклучувајќи го и губењето на пигментот на косата, не е целосно точно. Имено, некои дерматолози веруваат дека 50% од населението, до нивните 50-ти години ќе имаат 50% бела коса. Но, истражување од 2012-та година покажало дека само 6% до 23% од луѓето во 50-тите имаат 50% побелена коса.
6. Интензивните третмани на косата нема да ја побелат
Иако можеби ве заплашувале дека со фарбање на косата ќе го забрзате нејзиното побелување, ова воопшто не е точно.
7. Сонцето не е виновно за белата коса
Иако е докажано дека сонцето предизвикува стареење на кожата, неговото влијание врз косата не е толку драматично. Имено, во 2009-та година научниците откриле кој е виновен за белата коса. Клетките на косата природно произведуваат хидроген пероксид. Кога ќе почнат да го лачат повеќе, косата може да стане бела.
8. Променете го стилот на живот за да го избегнете прераното побелување на косата
Лекарите предупредуваат дека ниското ниво на витамин Б12 може да предизвика губење на пигментот. Интересно е што истражување од 2013-та година покажало дека косата на пушачите побелува порано. Според ова истражување, постои поврзаност помеѓу пушењето и побелувањето на косата пред 30-тите години од животот.