Има само 18 месеци, а алергична е на вода
Ајви Ангерман од Хастинг, Минесота , има само 18 месеци и е алергични на вода. Родителите на девојчето ја откриле нејзината состојба пред неколку месеци , додека ја бањале. Веднаш им станале јасно дека се работи за алергија, но мислеле дека е во прашање некое средство за капење. Почнале да ги менуваат сапуните и шампоните, но ништо не помогнало, црвенилото и пликовите останувале по секое бањање.
Отако поминале низ дузина медицински испитувања, лекарите дијагностицирале дека се работи за алергија на вода. Родителите се обиделе да ја менуваат и водата во која се бања детето. Пробале со изворска, флаширана, од чешма, но ништо не ја сменило ситуацијата.
Девојчето се осипува по телото и кога плаче или премногу се поти. Мајката сега ја учи малечката да не плаче и да не се вознемирува. И самата Ајви , која порано уживаше во водата, сега почна да се плаши и од капка.
Ова е многу ретка сотојба, регистрирани се само педестина луѓе во светот што имаат алергија на вода. Родителите на Ајви планираат да соберат средства и да се преселат на некое друго место кое нема така влажна клима како Минесота . Стравуваат за иднината на своето девојче. Не знаат дали и како ќе прогресира алергијата. Слушнале за еден друг случај на девојка која не смее да пие вода поради алергија и консумира само диет кола. Ајви е постојано под мониторинг на алерголози, нејзините блиски се надеваат дека научниците ќе најдат лек со кој таа ќе може да води нормален живот.