Грабеж во центарот на Скопје снимен со камера
Ограбувањата станаа секојдневие, а страшно е што ваквите дела се случуваат и дење и ноќе, и тоа на прометни места.
Синоќа беше ограбен прилепски бутик на улицата “Македонија”.
На снимката од камерите се гледа дека разбојникот бил вооружан, облечен во капут и добро маскиран.
Тој влегува во бутикот и се упатува кон касата каде стојат две девојки. Ги зема парите и се упатува кон излезот.
Порталот Маркукуле ги објави и видео снимките од безбедносните камери како изгледал грабежот: