Мистериозниот Нил: Научниците веруваат дека најдолгата река на светот е “прозорец“ во подземниот свет

Некои од научниците веруваат дека афричката река Нил крие мистерии во себе. Постои дебата околу староста на оваа најдолга река на светот – дали се формирала по пренасочувањето на водата пред околу 5 милиони години или оригиналниот Нил тече во подрачјето веќе 30 милиони години.

Доколку Нил е постар, како што кажуваат доказите од еден научен тим, тогаш можеби тој го одржува својот правец на движење од земјиниата кора која циркулира под него.

Земјиниот плашт – обвивката на јадрото е најголем слој на планетата и се состои од притиснати карпи под кората, а над јадрото.

„Можеби можеме со помош на реката да разбереме како плаштот воопшто се поместува“ – изјавил Клаудио Факен за “Gizmodo“, професор на Универзитет во Остин.

Нил со своите 6.650 километри е една од најдолгите реки на светот, а бразилската влада тврди дека Амазон е на првото место иако Нил во повеќето споредби е ставена како прва река. Нил е популарен по древната историја и археолошките наоѓалишта во должината на својот тек. Плодниот Нил обезбедил развој на египетската цивилизација, а поминува низ 11 држави. Нил е главен извор на вода во Египет и Судан.

Моментално постојат два модели кои се обидуваат да го докажат неговиот настанок. Според првиот Нил се оформил кога сливот пред околу 6 милиони години го променил својот тек од запад кон север, поради истиот процес кој направил пукнатини во афричката тектонска плоча.

Втората теорија вели дека Нил пред 30 милиони години настанал како последица на долготрајните геолошки процеси.

Сега тим од САД, Канада, Италија и Израел претставил нов доказ во прилог на првата теорија. Нивниот модел со промените на локалната топографија во текот на времето говори дека етиописката висорамнина можеби почнала да се подигнува пред 30 милиони години додека на истокот од Медитеранот почнала да тоне.

Анализите од карпите стари 20-30 милиони години, таканаречени “циркони“ пронајдени кај Нил докажале дека одговараат на карпите пронајдени кај етиописката висорамнина каде што извира Нил што укажува дека реката најмалку е толку стара. Густината на седиментите како и количината на ерозија во Синиот Нил – една од двете притоки на реката Нил исто така ја поддржуваат оваа теорија за староста на реката.

Некои од реките вообичаено потекнуваат од планините или висорамнините, но други како што е Нил или реката Јенисеи во Сибир доаѓаат од места кои Земјиното тло ги подигнало нагоре.

Translate »